За нас

Кои сме ние?

Добредојдовте во БОХО!

Инспирирани од најсовремените светски трендови во дизајн и луксузните парчиња мебел, идејата за БОХО прераснува во бренд кој во соработка со една од најголемите компании за производство на мебел во Европа, која датира од 1971 година, ви нуди безвременски мебел од внимателно селектирани материјали, одбрано цврсто природно дрво, метал и супериорни ткаенини. Со беспрекорен квалитет, долготрајност и лесна одржливост.

Бохо тим

За концептот Бохо

Нашата цел е создавање вредност за нашите клиенти преку изработка на луксузни парчиња мебел со сигурност, флексибилност, интегритет и брзина. Ние сакаме секое Бохо искуство да биде безгрижно и удобно преку заедничко почитување и доверба.

Секое парче од нашата богата колекција се карактеризира со ваша персонализација и безвременски дизајн кој го оплеменува вашиот простор. Концептот на Бохо поддржува можност за персонализирање на вашето омилено парче мебел така што можете да изберете ткаенина во различни бои, завршни детали како боја на дрво и метал. Нашaта задача е да го направиме парчето мебел што навистина го посакувате! Тимот на Бохо е отворен за соработка од кој било тип. Вие можете да бидете наш ДИЗАЈНЕР.

Зошто да не изберете нас?

БЕЗВРЕМЕНСКИ ДИЗАЈН

Автентичниот дизајн му овозможува на секоe нашe парче мебел да го пронајде своето идеално место и да се вклопи во секој ентериер и стил на уредување.

ВРВЕН КВАЛИТЕТ

Нашата цел е да креираме луксузни парчиња мебел од исклучително квалитетни материјали кои се одликуваат со неверојатна одржливост и трајност.

БРЗА ИСПОРАКА

Нашите производи се произведуваат и доставуваат во брз, нестандарден временски рок. Заборавете на чекањето на вашето омилено парче мебел со месеци. Оплеменете го и дајте му душа на вашиот простор во краток временски период.

ВНИМАНИЕ И ЉУБОВ

Секоe парче мебел е изработенo со посебно внимание и љубов, што ја докажува нашата посветеност и одговорност кон она кон што целиме. Мебел произведен со традиција постара од 50 години.

Fully customizable | Fabric - Finish - Size |